• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)
Атина, 21 јуни 2021 (МИА) – Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина. -Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис. И од двете страни на границата, и од Северна Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените  во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија). Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица). Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година. ср/нд/ Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан