• понеделник, 13 мај 2024

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во посета на општина Ѓаковица

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во посета на општина Ѓаковица
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари на покана на градоначалникот на општина Ѓаковица Ардијан Ѓини го посети градот Ѓаковица, Република Косово, соопштија од општина Гостивар. Оттаму информираат дека на средбата меѓу двајцата градоначалници биле дискутирани добрите искуства на економски, образовен и културен план.Градоначалникот Таравари исто така го посетил и Центарот за семејна медицина во Ѓаковица за да ја види работата на медицинскиот персонал од овој центар.- Се надевам дека оваа средба ќе послужи и за зближување и меѓусебни посети меѓу граѓаните на Ѓаковица и Гостивар, изјави Таравари, пренесува општинската прес-служба.сх/лв/

Остани поврзан