• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот Наумоски во посета на „Екопалет“

Градоначалникот Наумоски во посета на „Екопалет“
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска го посети Друштвото за производство, трговија и услуги  „Екопалет“  кое наскоро започнува со работа со производство на пелети. -Максимално го поддржувам стартот на малите и средни претпријатија на територија на општина Ѓорче Петров. Ги поздравувам сите идеи што дополнително придонесуваат за економски развој и подобрување на бизнис климата, изјави Наумоски при посетата. Тој дискутираше со сопственикот на Друштвото, Кристијан Бојковски за капацитетите на производство, но и предизвиците со кои се соочуваат малите бизниси во време на Ковид-19. -Со развојот на малите и средни бизниси се овозможува и дополнителни вработувања, тоа придонесува кон зголемување на производството. Растот на несигурност од последиците од светската пандемија ја наметна потребата од развој на динамичен сектор. Добро е што во време на глобална криза моите сограѓани се охрабруваат на ваков чекор, додаде градоначалникот. Тој посочи дека сите кои имаат идеја за почеток на проект целосно ја имаат поддршката од Општината. Наумоски потсети дека сите иновативни идеи и бизниси од ваков и сличен вид е потребно да ги исполнат сите стандарди во делот на заштита на животната средина. ки/скс/

Остани поврзан