Градоначалникот Коњановски приреди прием за странски делегации учесници на фестивалот „Илинденски денови“
- Во пресрет на вечерашното свечено затворање на 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, приреди све
Битола, 30 јули 2022 (МИА) - Во пресрет на вечерашното свечено затворање на 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, приреди свечен прием на делегации од интернационалните гости на фестивалот.
Впечатоци за фестивалот во Битола споделија гостите од Србија, Полска, Италија, Колумбија, Шпанија, Мексико и САД.
Градоначалникот Коњановски, им се заблагодари на гостите за нивното присуство во Битола, за енергијата и колоритот со кои низ песна и игра, промовирајќи ги своите традиции, култури, и специфичности донесоа светска музика и внесоа посебна убавина на повеќе локации во градот, додека пак директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, се заблагодари за поддршката која фестивалот ја добива од Општина Битола и битолското културно лето БИТ ФЕСТ, соопштија од тамошната локална самоуправа. мт/аа/