Градежни инвестиции од над еден милион евра за уличната мрежа во Валандово
- Според објавата на Општина Валандово, Министерството за транспорт со јавна набавка предвидува реконструкција на улици на територијата на општината, во вредност од околу 65,5 милиони денари.
Валандово, 27 март 2026 (МИА) - Над еден милион евра ќе бидат инвестирани во изградба на уличната мрежа во општина Валандово, информираат општинските власти. Според објавата на Општина Валандово, Министерството за транспорт со јавна набавка предвидува реконструкција на улици на територијата на општината, во вредност од околу 65,5 милиони денари.
- Станува збор за рекорден инфраструктурен проект со широк опсег на улици за Општина Валандово, кој опфаќа 17 улични делници во 5 населени места, во вкупна должина од 4.642 метри. Оваа инвестиција значи подобра инфраструктура, поголема безбедност пред се за децата, подобар пристап до домовите и поквалитетни услови за живот за секое семејство, велат од Општината.
Во градежната инвестиција ќе се опфатат населените места Собри, Брајковци и Раброво со по 3 улици, Пирава со 2 улици, а вкупно 6 улични делници се предвидени за Марвинци. Од Општината велат дека покрај капиталниот зафат кој е дополнително вложување од страна на централната власт, преку редовните програми општинските власти продолжуваат и со останатите зафати за изградба и реконструкција на улици на целото подрачје.рш/са/
Фото: МИА