Градежни активности за поставување светлосна сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром
- Екипи на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје денеска почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром. Работните активности, како што информираат од јавното претпријатие, се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долго очекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - Екипи на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје денеска почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром. Работните активности, како што информираат од јавното претпријатие, се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долго очекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи.

-Во првата фаза се врши рачен и машински ископ на земјан материјал за поставување на темели за семафорски столбови и ископи за спроведување на семафорската инсталација. По завршувањето на градежните работи, следуваат активностите за монтажа на семафорската опрема и сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“.
Со поставувањето на новата семафоризорана крстосница, додаваат, се влијае на проточноста во сообраќајот, а особено на зголемување на безбедноста на граѓаните, учесници во сообраќајот во овој дел од градот.вј/са/
Фото: ЈП „Улици и патишта“ - Скопје