• петок, 22 ноември 2024

Градежни активности во карбинското село Радање

Градежни активности во карбинското село Радање

Карбинци, 7 ноември 2024 (МИА) - Три улици се асфалтираат во карбинското село Радање. Активностите на терен веќе се во тек, улиците денеска добиваат асфалтна маса со што се подобрува инфраструктурата во ова населено место во Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека станува збор за активности, кои се дел од проектот кој се работеше изминатиот период. Со овие три улици завршува асфалтирањето на предвидените осум улици во повеќе населени места во општината.

- Се работи на три нови улици, денес се асфалтираат овие три улици во село Радање. Со ова ќе ја заокружиме оваа градежна офанзива. Село Радање ќе добие подобрена патна инфраструктура. Ова е во делот на проектите кои ги работевме изминатиов период. Се работеше на осум улици во неколку населени места во нашата општина, а ќе продолжиме со исто темпо и понатаму, вели Паунов.

Тој рече дека и во наредниот период ќе се работи на терен, со цел да се подобри инфраструктурата во сите населени места во Општина Карбинци, а со тоа ќе се подобри и начинот на живот на населението. вдј/ир/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан