• сабота, 20 април 2024

Гоце Ристовски добитник на меѓународна награда за драмски автор

Гоце Ристовски добитник на меѓународна награда за драмски автор

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Писателот Гоце Ристовски е добитник на меѓународна награда за драмски автор што ја доделува Меѓународниот театарски фестивал што се одржува во Анадолија, Турција. 

- Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе кои ја збогатиле со својот придонес театарската уметност во периодот 2022-2023 година. Во областа на драмската литература жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски во драмската литература преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели „Меѓународна награда за драмаски автор, се вели во образложението.

Наградите, како што се посочува, ќе бидат врачени на свеченост што ќе се одржи на 24 април. бак/

Остани поврзан