„Гоу Грин“ со свирка на „Conquering Lion“ на Денот на Медитеранот
- Во рамки на Денот на Медитеранот, во Младинскиот центар „Матично“ во Скопје, вечер од 18 часот „Гоу Грин“ организира свирка на реге составот „Conquering Lion“.

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) – Во рамките на Денот на Медитеранот, во Младинскиот центар „Матично“ во Скопје, вечер од 18 часот „Гоу Грин“ организира свирка на реге составот „Conquering Lion“.
Овој настан е дел од меѓународна прослава во која учествуваат повеќе земји, а „Conquering Lion“ ќе биде еден од 24-те музички состави што истовремено ќе настапуваат во различни земји.
Настанот е дел од иницијативата на Фондацијата Ана Линд за одбележување на Денот на Медитеранот. ар/лв/
Фото:Гоу Грин