• петок, 22 ноември 2024

Гостивар набави специјално возило за одржување на уличното осветлување

Гостивар набави специјално возило за одржување на уличното осветлување
Гостивар 7 февруари 2020 (МИА) - Општина Гостивар го поднови возниот парк со специјално возило со кое ќе се сервисира и одржува уличното осветлување. Ваков камионет, како што изјави денеска градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, е потребен за да ја олесни работата на службата која го одржува јавното осветлување. -Ефикасноста на работата на службата во голема мерка зависеше токму од ова возило кое досега го изнајмувавме и не беше секогаш достапно. Сега веќе нема да има оправдувања и очекувам екипите да бидат почесто на терен и побрзо да ги решаваат дефектите, изјави Таравари. Набавката на ова возило, како што нагласи градоначалникот, е овозможена преку грант од Светска банка во висина од 2,6 милиони, а во купувањето, локалната власт учествувала со 600 илјади денари. Техничките карактеристики овозможуваат работа на висина од 14 метри и оддалеченост на осум метри. Таравари додаде дека во измининатиов период, во општина Гостивар се заменети 14 илјади светилки, а се води сметка тие да бидат заменети со ткн. „штедливи“ што ќе овозможи заштеда на средства.згм/бт/

Остани поврзан