• понеделник, 23 декември 2024

Гостиварските основци добија унифициран буквар на албански јазик

Гостиварските основци добија унифициран буквар на албански јазик

Гостивар, 14 октомври 2024 (МИА) - Во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар денеска министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Албанија Денион Мејдани, в.д. градоначалник на општина Гостивар Валбон Лимани и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија (ИДКНАМ) Скендер Асани поделија примероци од унифицираниот буквар на албански јазик.

Гостите на првоодделенците и на наставниците им посочија дека од оваа книга ќе може да учат како и нивните врсници во Албанија и Косово.

Министерот Таравари рече дека со овој буквар ќе се придонесе во зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик.

- Употребата ќе се формализира, но важно е учениците од оваа година букварот дека ќе го користат во прво одделение и неговата употреба наскоро ќе се официјализира, рече Таравари и додаде дека на Албанците им се потребни и други заеднички учебници како по историја и географија.

Вршителот на должноста градоначалник Лимани напомена дека букварот ќе биде поделен на сите општински училишта. Учебниците се донација на ИДКНАМ. згм/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан