• недела, 22 декември 2024

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 72 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,209 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,467 отсто, кај дизелот за 0,878, а кај екстра лесното масло за 1,614 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 2,412 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,056% отсто. вј/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан