Горан Стојковски-Диро: Општината Куманово ќе субвенционира одлагање на градежен шут, го решаваме сметот системски
- Во предизборно дебатно соочување на Канал 5 телевизија, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски-Диро реплицирајќи на противкандидатот Димитриевски, во однос на справување со сметот во Куманово, рече: „ЈП Чистота е блокирано заради нефункционирање на директорите. Не може суд да направи законски упад. Законот за извршување дава можност во една година да се прави нова рамка. Чистота најверојатно има задоцнето со доставување на рамката, а тоа е само заради немање контрола врз јавните претпријатија, стои во соопштението на ПР тимот на Горан Стојковски-Диро, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - Во предизборно дебатно соочување на Канал 5 телевизија, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски-Диро реплицирајќи на противкандидатот Димитриевски, во однос на справување со сметот во Куманово, рече: „ЈП Чистота е блокирано заради нефункционирање на директорите. Не може суд да направи законски упад. Законот за извршување дава можност во една година да се прави нова рамка. Чистота најверојатно има задоцнето со доставување на рамката, а тоа е само заради немање контрола врз јавните претпријатија, стои во соопштението на ПР тимот на Горан Стојковски-Диро, што МИА го пренесува интегрално.
Директорите во Куманово во ЈП имаат трудничко работно време, доаѓаат во 9 си одат во 2 часот. Директори треба да се поставуваат врз основа на стручност и способност. Сметот да се реши мора системско решение. Имаме програма која ја нудиме кон сите, креирана од граѓаните, од експерти, здруженија и иницијативи, кои имаат претходно искуство, со решенија од Запад, имплементирани на наши можности. Во следните 4 години нема да го чистиме сметот и депониите, тоа ќе биде решено прашање”, посочи Диро., додавајќи дека осум години Куманово нема локација за одлагање градежен шут. Притоа, тој посочи како ќе се реши.
„Ќе го субвенционираме, ќе најдеме локација, има во Законот дел за зелени острови, Општината ќе субвенционира, дококлу оној кој гради го селектира, Општината го носи, во договор со каменоломи и компании кои селектираат и така и се прави циркуларна економија”.
Горан Стојковски-Диро