Голферката Пејџ Спиранак прогласена за „најсекси жена на светот“
- Професионалната спортистка од Колорадо, по сѐ, изгледа ужива во нејзиниот статус на секс-симбол, позирајќи покрај својата насловница, на црвениот тепих од хотелот.

Лос Анџелес, 19 јули 2022 (МИА) - Американската голферка Пејџ Спиранак е на врвот на листата „најсекси жени на светот“ во последниот број на списанието „Максим“.
Професионалната спортистка од Колорадо, по сѐ, изгледа ужива во нејзиниот статус на секс-симбол, позирајќи покрај својата насловница, на црвениот тепих од хотелот „Чичи“. Во објава на Твитер, пак, таа напиша дека е „сè уште во шок“ од тоа што е број 1, победувајќи ги, меѓу другите, и Меган Фокс, Ники Минаж и Ана де Армас...