• сабота, 23 ноември 2024

Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден

Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден
Љубљана, 24 април 2022 (МИА) - Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот. По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа. - Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба, рече Голоб, целиот трогнат и повика: Ајде да танцуваме! Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенска телевизија по затворањето на избирачките места, Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто. Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто. Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите. ссм/

Остани поврзан