Голманите Ноер и Де Хеа ја одбија понудата на Ал-Наср
- Саудискиот клуб Ал-Наср сакал да ангажира двајца голмани за време на зимскиот преоден рок, пренесува „AS“.

Ријад, 25 февруари 2024 (МИА) – Саудискиот клуб Ал-Наср сакал да ангажира двајца голмани за време на зимскиот преоден рок, пренесува „AS“.
Раководството на клубот е подготвено да му плаќа на новиот голман на тимот 30 милиони евра годишно, но засега не е пронајден соодветен кандидат за оваа улога.
Ал Наср се приближи до голманот на Баерн, Мануел Нојер и голманот Давид Де Хеа, кој моментално е без ангажман.
Прва ѕвезда на Ал Наср е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо.
Тимот се наоѓа на второто место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија, со 49 бодови по 20 кола. зс/
Фото: ЕПА