Голем пожар избувна кај Струмица
- Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми.

Струмица, 4 август 2023 (МИА) - Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми.
Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари.
Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.
Причинета е значителна материјална штета, а екипите се уште се на терен и работат на целосно гаснење на пожарот. рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица