Големо невреме во Љубаништа, во прекин сообраќајот кон Свети Наум
- Силно невреме со дожд и град вечерва предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај селото Љубаништа.

Охрид, 3 јуни 2023 (МИА) - Силно невреме со дожд и град вечерва предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај селото Љубаништа.
Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски во изјава за МИА посочи дека сообраќајот е во целосен прекин од 19 часот и 15 минути.
Лизгањето на земјиштето, појасни, настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.
- Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави Темелкоски.
Според него, досега немало пријавено штета, освен реакции од граѓани за прекинот во електричната енергија. сс/ев/
МИА ФОТО: Архива