Големо куче со исто толку голем страв од ветеринар
- Kајло е прекрасно бернско планинско куче кое привлекува внимание со својата величина, но и со исто толку големиот страв од ветеринари.

Лос Анџелес, 21 март 2023 (МИА) - Kајло е прекрасно бернско планинско куче кое привлекува внимание со својата величина, но и со исто толку големиот страв од ветеринари. Неговата сопственичка сподели видео од тоа како Кајло го посетува своето „најнеомилено место“, па ја насмеа заедницата „тиктокери“.
„Она кога вашето куче е најголемото животно кај ветеринарот, а во истовреме е и најголемото бебе“, напиша неговата сопственичка врз видеоснимката.
На неа се гледа како нејзиното големо милениче се крие под клупа и одбива да излезе од своето „скривалиште“, а таа не може да го намами ниту со вкусна закуска за куче.
Споделената видеоснимка стана хит меѓу љубителите на кучиња и домашни миленичиња. си/