Големата награда на Холандија ќе го напушти календарот на Формула 1 по сезоната 2026
- Формула 1 етапата во Холандија ќе биде исклучена од календарот по сезоната 2026 година.
Лондон, 4 декември 2024 (МИА) - Формула 1 етапата во Холандија ќе биде исклучена од календарот по сезоната 2026 година.
- По долго размислување и дискусија, промоторот одлучи холандското Гран при да не остане во календарот по 2026 година, објави прес-службата на Формула 1.
Оваа сезона победник на трката за Големата награда на Холандија беше 24-годишниот британски возач на Мекларен Ландо Норис. За возачот оваа победа беше втора сезонава по етапата во Мајами и втора за целото негово време во Формула 1.
Макс Верстапен од Ред Бул беше втор со 22.896 секунди назад. Првата тројка ја затвори Шарл Леклер од Ферари (+22.896).
Трката за ГН на Холандија од 2021 година се вози на патеката Зандворт. Претходно, таму се одржуваа трки од 1948 до 1985 година. зс/
Фото: ЕПА