• четврток, 18 јули 2024

Годишниот концерт на КУД „Илинден“ од Струга, со нова поставка „Свадба“

Годишниот концерт на КУД „Илинден“ од Струга, со нова поставка „Свадба“
Струга, 31 мај 2022 (МИА) - Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе го оддржи 39. Годишен концерт. На годишниот концерт, како што инфорира кореографот Љупчо Милошески, ќе настапат сите 200 членови на друштвото, пејачката група и оркестарот со препознатливи сценски и кореографски постановки од познати автори од сферата на фолклорот во Македонија. -Традиционално вечерва ќе го одржиме 39. издание на Годишниот концерт на КУД „Илинден“. Присутната публика, меѓу другото премиерно ќе може да ја погледне и мојата нова сценска адаптација „Свадба" од етничкиот предел Струшко поле, а музиката е обработка на нашиот оркестар, истакна Милошески. Публиката, додаде, ќе може да ужива во познати кореографии од македонскиот фолклор, меѓу кои се „Копачија“, Преспански игри“, „Охридски игри“... Концертот и новата поставка се поддржани од Министерството за култура, почетокот е најавен за 19 часот и 30 минути. сс/сст/

Остани поврзан