• сабота, 18 мај 2024

Годинава се очекува историски пад на јавниот долг на Албанија, под 60 отсто, што е најниско ниво од 2011 година

Годинава се очекува историски пад на јавниот долг на Албанија, под 60 отсто, што е најниско ниво од 2011 година

Тирана, 26 јануари 2024 (МИА) – Албанското Министерство за финансии соопшти дека нивото на јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ(БДП), на крајот на 2023 година се очекува да се намали на околу 61,5 отсто, додека на крајот на 2024 година е планирано да падне на ниво од 59,8 отсто, што ќе биде најниско ниво од 2011 година.

Според Министерството, проценките се многу оптимистички и за следните години, кога надолниот тренд на нивото на јавниот долг се очекува да забрза во наредните години и владата планира да го намали јавниот долг на 52,7 отсто во 2031 година.

Статистиката покажува дека до крајот на септември 2023 година, долгот бил 60,3 отсто од БДП, што бил очекуван а претставува намалување за 4,2 отсто во однос на крајот на 2022 година и за 14,2 отсто во однос на крајот на 2021 година.

-На оваа позитивна состојба влијаеше и зголемувањето на приходите во буџетот во текот на 2023 година. Вкупните приходи за период јануари-ноември 2023 година е остварен во износ од 586,38 милијарди леки во однос на претходната година, приходот е зголемен за 63,48 милијарди леки или 12,1 отсто. Друг фактор кој влијаеше на контролата на јавниот долг е контролата на буџетските расходи, но и слабеењето на еврото во однос на лекот, што имаше ефекти врз надворешниот долг на државата, наведува министерството, јави abcnewc.al.

Оптимистички се процените и за нивото на економскиот раст, кој годинава се очекува да достигнат 3,7 отсто. вт/ссм/

Остани поврзан