• петок, 22 ноември 2024

Глишиќ се врати во ПМФЛ, потпиша за Шкупи

Глишиќ се врати во ПМФЛ, потпиша за Шкупи
Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) - Дефанзивецот Дарко Глишиќ е нов член на Шкупи, откако денес си стисна рака со раководството на скопскиот тим и стави потпис на договор за една ипол сезона. Дарко Глишиќ во ПМФЛ настапуваше за Вардар, со кој ја освои Лигата, како и за Скопје, Напредок и Тетекс, а во странство ги бранеше боите на Олимпик од Сараево, Динамо Тбилиси, Септември од Софија и Арда Карџали. Глишиќ заминува веднаш за Анталија, каде тимот од Чаир се на зимски подготовки за веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи.

Остани поврзан