• недела, 22 декември 2024

Главниот град на Казахстан го враќа старото име - Астана

Главниот град на Казахстан го враќа старото име - Астана
Нурсултан, 17 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска потпиша закон со кој се враќа старото име на главниот град, Астана. Законот е дел од уставните измени што ги потпиша Токаев, меѓу кои и продолжување на претседателскиот мандат на седум години без можност за реизбор. Досега мандатот на шефот на државата беше пет години со можност за реизбор. Парламентот на Казахстан вчера гласаше и ги усвои уставните амандмани. Астана од 2019 година беше именувана во Нурсултан, во чест на поранешниот Нурсултан Назарбаев. Промената на името на главниот град на Казахстан е индикатор за дистанцирање од Назарбаев. ми/

Остани поврзан