• недела, 22 декември 2024

Гичев: Во Светиниколскиот регион фотоволтаици не се поставуваат на земјиште од прва и втора класа 

Гичев: Во Светиниколскиот регион фотоволтаици не се поставуваат на земјиште од прва и втора класа 

Свети Николе, 9 февруари 2024 (МИА) - Со последните измени со законот, на прва и втора класа на земјоделско земјиште не се дозволува да се поставуваат фотоволтаици, изјави денеска раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)- Свети Николе, Дејан Гичев, кој денеска одговараше на новинарско прашање, дали се реши проблемот со издавањето на дозволите за поставување на обработливо земјоделско земјиште. Гичев при денешнта посета на ресорниот министер, Љупчо Николовски во Општина Свети Николе истакна дека  дозволи се издаваат само на трета, четврта, петта и шестта класа.

-Во Свети Николе сите фотоволтаични централи што се прават се на приватни површини, а на прва и втора класа земјиште нема. Имам информации дека на петта и шеста класа има подигнато мали површини, во индина ќе видиме како ќе биде, ама слаб е интересот на државно змејиште да се прават фотоволтаици, вели Гичев. 

Според неговите анализи на државно земјиште има поставено фотоволтаици на 30 хектари, а ова земјиште е и од шеста класа, а на приватно земјоделско земјиште има фотоволтаични централи на површина од пет до десет хектари. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан