• сабота, 23 ноември 2024

Гир: Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност

Гир: Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир, во однос на тоа дали законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива, рече дека  главната ЕУ регулатива кога станува збор за ова прашање е општата регулатива за заштита на лични податоци, што го забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност. -Во Европската Унија, личните карти во моментов се сеуште регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021, рече Гир на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши по повод претседавањето на земјава со ЦЕФТА. Евроамбасадорот додаде дека усогласувањето на законодавството на земјава со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес и оти ЕУ отсекогаш ја охрабрувала Северна Македонија да постигне напредок на ова поле затоа што, посочи, ова е едно од првите работи што би се оценувале при почетокот на проговорите. Во однос на имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборниот закон, Гир истакна дека важно овој процес да се спроведе навремено, односно, како што рече, доволно време пред изборите. -Во октомври 2020 Европската комисија го објави редовниот извештај за напредокот на Северна Македонија во однос на имплементација на европските стандарди, во кој ја подвлече важноста од измени во изборниот законик согласно препораките на ОДИХР и Венецијанската комисија кои мора да бидат навремено направени. Важно е што овој процес сега продолжува, но важно е и да се спроведе навремено, односно доволно време пред изборите. Постојат работни групи кои работат на ова прашање, но најважно е да се следат стандардите на ОДИХР и Венецијанската комисија, подвлече евроамбасадорот Гир. нд/са/      

Остани поврзан