Герхард Шредер останува претседател на Одборот на директори на „Розњефт“
- Поранешниот германски канцелар Герхар Шредер повторно е избран за претседател на Одборот на директори на руската нафтена компанија „Розњефт“.

Москва, 8 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот германски канцелар Герхар Шредер повторно е избран за претседател на Одборот на директори на руската нафтена компанија „Розњефт“.
Тој е повторно избран на таа функција од Одборот на директори на состанокот одржан на 5 јуни.
Шредер на функцијата претседател и член на Одборот на директори на „Розњефт“ се наоѓа од 2017 година. гт/