• недела, 22 декември 2024

Германски производител на оружје гради фабрика за артилериски гранати во Литванија

Германски производител на оружје гради фабрика за артилериски гранати во Литванија

Берлин, 16 април 2024 (МИА) - Германскиот производител на оружје Рајнметал планира да изгради нова фабрика во Литванија за производство на артилериски гранати од 155 мм.

Договорниот партнер на германското Министерство за одбрана и владите на балтичките земји-членки на ЕУ и НАТО потпишаа меморандум за разбирање во присуство на литванската премиерка Ингрида Шимониете, министерката за економија Аушрина Армонаита и министерката за одбрана Лауринас Кашчиунас.

Детали од договорот не се соопштени.

„Инвестицијата на Рајнметал ќе биде најголема во одбранбениот сектор и една од најголемите досега во историјата на Литванија“, рече Армонаита.

„Тоа ќе и даде замав на нашата индустрија, нашата економија и ќе ја зајакне безбедноста во регионот. Подготвени сме да продолжиме да работиме со таа компанија за оваа успешна приказна да се придвижи што е можно поскоро“, додаде министерката.

Рајнметал во средината на март потврди дека планира да изгради фабрика за артилериски гранати во Литванија. Во иднина, оклопна бригада на германските вооружени сили ќе биде постојано стационирана во таа балтичка држава. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан