• среда, 20 ноември 2024

Германски експеримент: „Минималец“ од 1.200 евра месечно во следните три години

Германски експеримент: „Минималец“ од 1.200 евра месечно во следните три години
Берлин, 2 јуни 2021 (МИА) - Во Германија почнува експеримент за безусловна редовна месечна исплата, минимално по 1.200 евра, за избрана група граѓани, а целиот проект го следат економски експерти и научници. Повеќе од два милиони луѓе се пријавија да учествуваат во тригодишниот проект, но на крајот беа избрани 122. Од 1 јуни годинава, во следните три години, тие ќе добиваат месечен основен приход, односно „минималец“ од 1.200 евра, што е дел од пилот-проект насочен кон истражување на ефектите од безусловен основен приход . Учесниците не мораат да докажат дека имаат каква било потреба од пари, им е дозволено да работат што сакаат во текот на проектот и колку што сакаат, тие немаат никакви обврски кон финансиерите, освен „да пополнат седум прашалници на интернет во рок од три години, колку што ќе трае експериментот“, наведено е на веб-страницата на проектот. Дополнителни 1.380 случајно избрани лица, исто така, пополнуваат прашалници на секои шест месеци, но тие нема да ја добијат главната загарантирана сума од 1.200 евра, туку само надоместокот за времето кое го потрошиле за пополнување на овие формулари. Парите за проектот ги обезбедија околу 150.000 приватни донатори, а оние кои ќе добијат 1.200 евра во следните три години нема да мораат да пријават данок, бидејќи според предлозите на експериментот, тоа се „подарени пари во износ од 43.200 евра по учесник“, вкупно околу 5,2 милиони евра. гт/

Остани поврзан