• понеделник, 13 мај 2024

Германски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Германски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Берлин, 7 април 2024 (МИА) - Германски борбени авиони „Еурофајтер“ пресретнаа руски авиони над Балтичкото Море, соопшти германското воено воздухопловство.

Руски разузнавачки авион Ил-20 летал вчера без транспондер, уред кој им помага на властите да го идентификуваат и да го следат авионот, пренесува Њузвик.

Германските борбени авиони полетаа од летонскиот град Лиелварде. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан