• петок, 22 ноември 2024

Германскиот претседател Штајнмаер предупреди на конфликти поради недостиг на вода

Германскиот претседател Штајнмаер предупреди на конфликти поради недостиг на вода

Берлин, 23 јуни 2023 (МИА) - Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА, во изјава за време на неговата посета на Киргистан.

Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер за време на посетата на Националниот парк Ала-Арча во централноазиската република.

„Од една страна, тоа е политичка инвестиција што помага во решавањето на конфликтите меѓу земјите. А од друга страна, решителна борба против климатските промени во Германија, Европа и светот за да се запрат промените, рече Штајнмаер.

Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи на Германија од 2013 до 2017 година, го објави ова на крајот од четиридневната турнеја низ Централна Азија што започна во Казахстан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан