• недела, 22 декември 2024

Германскиот министер за одбрана истакна дека е потребно подобро опремување на Бундесверот

Германскиот министер за одбрана истакна дека е потребно подобро опремување на Бундесверот

Берлин, 24 септември 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја истакна потребата за подобро опремување на Бундесверот што е можно побрзо при денешната посета на воениот јуришен хеликоптерски полк 36 во западната германска покраина Хесен, јави ДПА.

Писториус рече дека се очекува Русија да ја реконституира својата војска од војната во Украина до 2029 година и потоа да биде во позиција да изврши воен напад врз територијата на НАТО.

-Затоа Германија треба што побрзо да се прилагоди на ова сценарио за закана, објасни министерот.

Германија е најголемиот партнер на НАТО во Европа и, според Писториус, има „соодветна одговорност“ што треба да ја исполни. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан