• недела, 22 декември 2024

Германска опозиционерка основаше нова партија која може да биде конкурент на екстремната десница

Германска опозиционерка основаше нова партија која може да биде конкурент на екстремната десница

Берлин, 8 јануари 2023 (МИА) - Истакнатата опозиционерка во Германија, Сара Вагенкнехт, денеска основа нова партија која комбинира левичарска економска политика и отпор кон мигрантите и може да биде конкурент на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Вагенкнехт рече дека нејзината партија „Сара Вагенкнехт Алијанса - Разум и правда“ ќе го има своето деби на изборите за Европскиот парламент во јуни и дека е уверена дека ќе се кандидира и на трите германски сојузни покраински избори во септември во регионите на поранешна Источна Германија, каде Алтернатива за Германија е многу силна.

Во октомври, заедно со уште девет поддржувачи, таа ја напушти опозициската Партија на левицата, во која со години беше истакнат член и најави дека ќе основа своја партија. Сите ги задржаа пратеничките мандати.

Нејзината новоформирана партија нуди мешавина од левичарски економски решенија за големи плати и социјални бенефиции и рестриктивен пристап кон миграцијата. Таа, исто така, ги доведува во прашање плановите на еколозите за борба против климатските промени и се противи на германската испорака на оружје за Украина и санкциите против Русија. паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан