• понеделник, 23 декември 2024

Германската фудбалска репрезентација по 70 години го напушти Адидас

Германската фудбалска репрезентација по 70 години го напушти Адидас

 

Берлин, 22 март 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) потпиша договор за партнерство со американскиот гигант Најк за периодот од 2027 до 2034 година, што значи дека по цели 70 години германските фудбалери веќе нема да настапуваат во дресови со знакот на германскиот производител Адидас.

Најк ќе ги опреми сите репрезентации на ДФБ и ќе го промовира германскиот фудбал во целост.

„Најк ја претстави убедливо најдобрата економска понуда, чија сума нема да ја откриеме, изјави претседателот на Управниот одбор на ДФБ, Холгер Бласк.

Веста доаѓа само неколку денажови откако Адидас ја објави новата колекција резервни комплети дресови на германската репрезентација, чија светло розова боја предизвика многу критики од навивачите. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан