• петок, 05 декември 2025

Германската полиција застрела вооружен маж

Германската полиција застрела вооружен маж

Берлин, 26 јуни 2025 (МИА) - Полицијата денеска застрела маж во градот Ванген, југоисточно од Штутгарт, откако тој им се заканил на полицајците со нож, објави ДПА.

Еден полицаец е сериозно повреден. Областа околу местото на злосторството е блокирана. Портпаролот на полицијата изјави дека нема закана за јавноста.

Убиениот маж е авганистански државјанин кој побарал азил во Германија. Конфронтацијата се случила откако полицајците се обиделе да го приведат бидејќи била издадена потерница за негово апсење. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан