• сабота, 14 март 2026

Германија ги повлече војниците од Ербил поради тензии во регионот

Германија ги повлече војниците од Ербил поради тензии во регионот

Берлин, 19 февруари 2026 (МИА) – Германската армија повторно ги повлече војниците од својата база во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан, поради зголемените тензии на Блискиот Исток, изјави портпарол на германското Министерство за одбрана.

Тој наведе дека повлекувањето е поради „мерка на претпазливост“, а во Ербил ќе останат само војниците потребни за одржување на командата.

Германскиот весник „Шпигел“ објави дека германските војници со хеликоптер се префрлени во Јордан.

На почетокот на месецот, Бундесверот го намали своето присуство во северен Ирак, каде што ги поддржува локалните сили како дел од мисијата на НАТО.

Повлекувањето на германските војници е поради што САД распоредуваат сили во Блиски Исток, што повторно ги зголеми тензиите поради можна ескалација со Иран. ми/јт/

фото: МИА архива

Остани поврзан