• четврток, 09 јануари 2025

Германија воведува задолжителен тест за коронавирус за сите кои влегуваат во земјата

Германија воведува задолжителен тест за коронавирус за сите кои влегуваат во земјата
Берлин, 6 август 2020 (МИА) - Тестот за коронавирусот ќе биде задолжителен за сите луѓе кои доаѓаат во Германија од сабота од високоризични региони, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој ја даде изјавата откако 1.045 нови случаи на коронавирус беа регистрирани во Германија, што е прв дневен скок над 1.000 новозаразени лица за еден ден во последните три месеци. Од минатата сабота се спроведува бесплатен тест за сите меѓународни патници кои пристигнуваат во државата. Шпан верува дека зголемувањето на бројот на заразени лица се должи на патниците кои се враќале од странство и непочитување на физичката дистанца. паг/

Остани поврзан