• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Честит Рамазан Бајрам, вербата, трпението и солидарноста нека бидат наша водилка 

Герасимовски: Честит Рамазан Бајрам, вербата, трпението и солидарноста нека бидат наша водилка 

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до сите граѓани од исламска вероисповед по повод денешниот голем празник Рамазан Бајрам.

-Во очи големиот празник на сите исламски верници срдечно им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Од мое лично име и од име на општината, честит Рамазан Бајрам на сите верници од исламската вероисповед. Нека духот на вербата, трпението и солидарноста бидат водилка во деновите што следат. Нека овој Рамазан Бајрам ви донесе здравје, мир, радост и нека се исполнат вашите домови и срца со топлина и љубов, вели градоначалникот Георгиевски.

Заедничкото почитување и толеранција, потенцира тој, нека останат темели на нашето единство, посакувајќи им среќни и благословени празнични моменти на сите граѓани кои го празнуваат Рамазан Бајрам, за многу години. сст/дма/

Фото Општина Центар 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан