Герасимовски: Телефонски пријави смет и дива депонија, нашите служби ќе се погрижат за хигиената
- СООПШТЕНИЕ: Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите.
Скопје, 29 јануари 2025
Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.
„Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. На овие телефонски броеви граѓаните можат да ни испратат фотографија од населеното место коешто треба да биде исчистено, а Град Скопје не си ја има завршено својата основна задача. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината. Спроведуваме акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет. Во понеделникот се соочивме со лоша глетка којашто е недозволива за централното градско подрачје. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Арсовска да водат поголема грижа за градот, особено за чистотата на улиците кадешто имаат надлежност за да не се соочиме повторно со смет. Граѓаните заслужуваат чиста општина. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.
Општина Центар
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки