• среда, 14 јануари 2026

Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари, инвестираме во образованието и во младите

Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари, инвестираме во образованието и во младите

Скопје, 14 јануари 2026 

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално. 

„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“,  истакна Герасимовски.

Во рамките на поддршката за учениците повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.

Од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици што посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.

Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базена во рамките на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.

Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете останува еден од највисоките приоритети.

Фото: Општина Центар

Остани поврзан