Герасимовски: Со комунални редари ќе го вратиме редот во општините
- Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека со измените на Законот за локална самоуправа што предвидува вметнување на комунални редари ќе се дадат поголеми ингеренции на општините и ќе се врати редот и мирот, соопштија од Општина Центар.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека со измените на Законот за локална самоуправа што предвидува вметнување на комунални редари ќе се дадат поголеми ингеренции на општините и ќе се врати редот и мирот, соопштија од Општина Центар.
„Во делот на измените на законот за локална самоуправа го поздравувам делот за вметнување комунални редари – нешто за кое зборуваме со години наназад. Ние дури говоревме за комунална полиција, а сега гледаме дека ќе биде вметнато како комунални редари кои би имале поголеми ингеренции низ општините. Првично, како што сме информирани, тоа ќе биде пилот-проект на територијата на Град Скопје, вели Герасимовски.
Го поздравувам тој чекор, за да го вратиме мирот и редот, вели Герасимовски и додава дека тие ќе бидат задолжени во делот на неправилно паркирање, гласна музика, дивоградби, урбана опрема.
-Добро би било да имаме поголем број на комунални редари кои конечно ќе ни помогнат за да направиме ред во општините, истакнува градоначалникот на Општина Центар. сст/дма/
Фото МИА архива