• вторник, 02 јули 2024

Герасимовски: Соработката со граѓанските организации и социјалните претпријатија отвори нови работни места во Центар

Герасимовски: Соработката со граѓанските организации и социјалните претпријатија отвори нови работни места во Центар
Скопје, 24 септември 2022 (МИА) - Врската меѓу локалните самоуправи и социјалните претпријатија низ годините се покажа како клучна за реализирање на различни проекти значајни за граѓаните, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на фестивалот што беше организиран од страна на Civica Mobilitas и Центарот за социјални претпријатија, а на кој со свои штандови и сценски изведби се претставија околу 80 граѓански организации. Герасимовски потенцираше дека во Општина Центар има неколку проекти во кои невработени лица или маргинилизирани граѓани добиле вработување. - Тие посетуваа серија на обуки, се стекнаа со нови знаења , истите ги унапредија и добија сертификати со кои се насочија кон различни проекти, изјави Герасимовски. Градоначалникот зборуваше за проектите за чија реализација се ангажирани лица од граѓанските и социјалните здруженија. - Во Општина Центар особено е значаен проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ кој во соработка со граѓанската организација „Хуманост“ ангажира лиценцирани негуватели кои на највозрасните граѓани на општината им даваат нега три пати во неделата по два час. Преку Центарот „Сервис за одмена на семејна грижа“ кој Општина Центар ќе го отвори со УНДП ќе бидат згрижени максимум 40 корисници со 24 часовна грижа најмногу 15 дена во година меѓу кои и лицата со Алцхајмерова болест и деменција. Општина Центар години наназад соработува и со „Банка за храна“ преку која секој месец на социјално загрозените лица, децата од малите групни домови и згружувачките семејства им доделуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, истакна Герасимовски. Градоначалникот зборуваше и за соработката со UN WOMEN со што беа организирани бесплатни обуки за невработените жени со што беа отворени можности за нови вработувања и започнување на сопствен бизнис. см/бак/

Остани поврзан