• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа оти со знаење се рушат граници, а со просвета се создава напредно и праведно општество

Герасимовски: Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа оти со знаење се рушат граници, а со просвета се создава напредно и праведно општество

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува дека тие ни покажале оти со знаење се рушат граници, со јазик се гради идентитет, а со просвета се создава напредно и праведно општество.

- Како градоначалник, но пред сè како човек што верува во моќта на образованието, длабоко ја чувствувам важноста на денот кога го чествуваме делото на светите браќа – основоположници на словенската писменост, носители на духовност и културен идентитет. Делото на Кирил и Методиј е повеќе од историја – тоа е жива обврска. Ни покажаа дека со знаење се рушат граници, со јазик се гради идентитет, а со просвета се создава напредно и праведно општество, посочува Герасимовски.

Градоначалникот на Центар во честитката наведува дека мисијата на двајцата браќа на ширење на словото на разбирлив јазик била револуционерна за тоа време – со неа го потврдиле правото на секој народ да учи, чита и верува на својот мајчин јазик.

- На овој ден, да се потсетиме дека сме чувари на јазикот, традицијата и вредностите што не’ дефинираат како народ. Да продолжиме по нивниот пат – со знаење, почит и заедништво, истакнува Герасимовски.фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан