• четврток, 02 мај 2024

Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец, спроти Католичка црква

Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец, спроти Католичка црква

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре, информираат денеска од Општина Центар. 

-Ваквите депонии мора да бидат расчистени од причина не само што ја нагрдуваат сликата во општината, туку поради тоа што најчесто се дувло на бездомници и потенцијални жаришта на зарази и нови пожари. Јавната хигиена и здравјето на граѓаните мора да биде на прво место, рекол Герасимовски.

Општина Центар, како што информираат оттаму, пред три месеци ги повикала граѓаните да пријавуваат диви депонии преку телефонскиот број 02 3203 693 или на веб сајтот на општината преку следниот линк . Општина Центар, потенцираат, има за цел да ги расчисти сите диви депонии на целата територија на општината. сст/дма/

фото Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан