• четврток, 25 декември 2025

Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки

Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки

Скопје, 22 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од предновогодишниот концерт во ЈУДГ „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ и посакаа добредојде на Новата 2026 година.

Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ под водство на проф. Маре Видевска, со традиционални новогодишни композиции, сценски точки и празничен дух, најмладите упатија новогодишни честитки и желби до најблиските, и до Дедо Мраз.

Герасимовски ги поздрави децата, родителите и вработените, им заблагодари за прекрасниот концерт, а најмладите ги израдува со новогодишни пакетчиња.

-Детската насмевка е најубавиот украс на празниците. Како градоначалник на Општина Центар, останувам целосно посветен на создавање услови за среќно детство и правилен развој на нашите најмили. Така било и така ќе остане, порача Герасимовски.вј/вг/

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан