• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Исчистен сметот во Капиштец, се чисти во сите населби

Герасимовски: Исчистен сметот во Капиштец, се чисти во сите населби

Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информира дека општинските служби, заедно со хигиеничари денеска повторно го чистат сметот на територија на општината и просторот околу контејнерите, соопшти Општината.

-И покрај тоа што ЈП „Комунална хигиена“ повторно потфрли во навременото собирање и транспортирање на сметот, Општина Центар и овој пат интервенираше со сопствени ресурси за да ја одржи хигиената на највисоко ниво и да обезбеди чиста и уредна средина за центарци. Сметот е исчистен во Капиштец, акцијата продолжува и во другите населби. Секогаш кога има застој од градската власт, Општина Центар реагира веднаш, изјавил Герасимовски. 

Тој потенцирал дека службите се на терен со целата механизација во две смени. 

-Грижата за чиста и здрава животна средина останува наш приоритет. Со оваа акција, покажуваме дека одговорно и навремено реагираме секогаш кога е загрозена хигиената и јавниот ред. Продолжуваме да работиме за нашите граѓани, за чистотата, за уредна општина, изјавил Герасимовски, се наведува во општинското соопштение. ац/вј/ 

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан