• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски до управителите: Противпожарната безбедност не смее да се игнорира

Герасимовски до управителите: Противпожарната безбедност не смее да се игнорира

Скопје, 12 април 2025 (МИА) - Во Општина Центар се одржа работна средба на градоначалникот Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи и голем дел од управителите на станбени и станбено-деловни објекти, како и претседатели на куќни совети, на која се разговараше за предизвиците во делот на противпожарната заштита и одржувањето на фасадите, информира денеска општинската прес-служба. 

- Имавме одличен одзив на нашето барање до управителите да достават информации за состојбата со противпожарната заштита. Важно е да продолжиме со меѓусебна соработка – само така можеме да обезбедиме безбедни згради за сите граѓани. Главен приоритет се ПП апаратите, проодноста на скалите и хидрантите. Ќе продолжиме да бараме системски решенија и соработка со ЗЕЛС и Дирекцијата за заштита и спасување, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Од општинската инспекција појаснуваат дека е потребна постојана и отворена комуникација со управителите.

-Доколку се забележат проблеми, особено заградени противпожарни скали, апелираме тие веднаш да се пријават. Ако објектот е небезбеден, градежен инспектор ќе излезе на терен, ќе состави записник и ќе донесе решение. Но, сè започнува со навремено пријавување. Контрола на сите згради во секое време е невозможна, затоа очекуваме одговорност и иницијатива од управителите, посочија инспекторите.

На средбата е потенцирано дека постојат чести случаи на кражби и обивање на сандачињата со противпожарна опрема. Управителите истакнале дека вложуваат напори за заштита на системите и подобрување на состојбата во секоја зграда. И тие бараат под итно да се донесе системско и унифицирано решение за противпожарната заштита што ќе важи за сите локални самоуправи во државата.

Се разговарало и за проблемите со оштетени и небезбедни фасади, при што е најавено дека Општина Центар во април и мај ќе има нови повици за субвенционирање на санација на фасади, кровови и лифтови.лв/

фото:Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан