• недела, 22 декември 2024

Герасимовски: Вкупно 50 семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња

Герасимовски: Вкупно 50 семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им ги врачи решенијата за еднократна парична помош во висина од 7.000 денари на 50 семејства од Центар кои имаат новороденче. Решенијата беа доделени на настан со пригодна програма, кој што се одржа во ООУ „Киро Глигоров“. -Ми претставува задоволство што конечно после две ипол години конечно можеме лично да ги врачиме решенијата за еднократна парична помош за новодоренчиња. Покрај овие средства, новите родители добиваат пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, Клиниката Филип 2, Реплек, Геопром, Хип, Веледа и Кам Бебе за што би сакал да им упатам искрена благодарност за оваа соработка. Овие компании и здравствената установа Филип 2 на новите родители им подаруваат педијатриски услуги и сет производи и со овој гест покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, изјави Герасимовски. Додаде дека овие средства се доделуваат редовно на барателите за остварување на правото за користење на оваа парична помош, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. свс/ац/

Остани поврзан