• понеделник, 23 декември 2024

Георгиев: Оценската мисија е завршена, извештајот ќе биде транспратентно објавен

Георгиев: Оценската мисија е завршена, извештајот ќе биде транспратентно објавен

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев денеска изјави дека дека оценската мисија на Европската унија за работата на советот е завршена и веднаш по објавување на извештајот ќе биде претставен пред медиумите.

-Заврши оценската мисија, имавме неколку состаноци, каде имавме дискусија по однос на прашања во областа на законските одредби од Законот за судски совет и Закон за судовите. Очекуваме извештај кој што ќе биде транспарентно објавен и во догледно време ќе го разгледуваме заедно пред медиумите, рече Георгиев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.ра/са/

Фото: МИА

Остани поврзан