• четврток, 21 ноември 2024

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт

Букурешт, 28 октомври 2024 (МИА) - Со две победи над Вудард Дарел од САД и Андреу Петрос од Кипар, македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски викендот обезбеди финале и сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.

- Во финалето се сретнавме добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар, до сега четири пати сме успеале да го добиеме, но денеска беше негов ден. Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме. 
За Македонија со срце! – објавија од Македонската таеквондо федерација.

Амбициите на Георгиевски се обезбедување норма за следните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан